Connect with us

Сервисни информации

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри над месечниот просек

Нивото на водата во Охридското Езеро се наоѓа на котата 693,73 метри надморска височина или 24 сантиметри над просекот за март (693,49 мнв).

Водостојот на езерото е значително подобрен споредбено со лани минатата година кога во март нивото на водата во езерото се наоѓаше и повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек или неколку сантиметри над дозволениот минимум.

Температурата на водата во езерото изнесува 6,5 степени Целзиусови што е степен постудена од мартовскиот просек.

Добрата „кондиција“ во која се наоѓа езерото кога станува збор за водостојот се должи на интензивните врнежливи периоди што го зафатија регионот изминатите месеци.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3