Connect with us

Сервисни информации

Водата во Скопје безбедна за пиење, сите анализирани примероци се исправни

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека сите 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 41 мерно место во градот Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр.183/18).

– Секторот за санитарна контрола во периодот од 23.2.2026 до 27.2.2026 зеде 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 41 мерно место во градот Скопје. Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр.183/18) – информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2