Connect with us

Свет

Норвешкиот парламент ќе истражува поврзаност меѓу Епстин и водечки норвешки политичари и дипломати

Норвешкиот парламент одлучи да формира независна истражна комисија за да ги разјасни врските меѓу покојниот сексуален престапник Џефри Епстин и голем број истакнати личности во земјата, јавија светските агенции, повикувајќи се на локалните медиуми.

Неодамна објавените документи од САД поврзани со случајот Епстин открија значително поблиски контакти отколку што се сметаше претходно меѓу финансиерот и претставници на норвешката политичка, дипломатска и јавна елита – од престолонаследничката Мете-Марит до поранешниот премиер кој подоцна го предводеше Нобеловиот комитет.

„Апсолутно е клучно да се одржи довербата во норвешката дипломатија, политика и демократија. Откритијата од последните недели се исклучително сериозни и фрлаат нова светлина врз голем број минати настани“, рече Пер-Вили Амундсен, претседател на парламентарната комисија за уставни прашања.

 Функциите, составот и распоредот за работата на истражната комисија сè уште треба да се утврдат.

Според документите објавени од Министерството за правда на САД, престолонаследничката Мете-Марит разменила стотици електронски пораки со Епстин меѓу 2011 и 2014 година, честопати со изненадувачки личен тон. 

Норвешката полиција отвори истраги за „сериозна корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд, како и против истакнатата дипломатка Мона Јул и нејзиниот сопруг за соучество. Прашањето е дали нивните врски со Епштајн се совпаѓаат со периодите во кои Јагланд бил претседател на Нобеловиот комитет и генерален секретар на Советот на Европа.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4