Connect with us

Политика

Петрушевски: Мафијашките притисоци и уцени на Заев и Филипче ги користеле државата и институциите за приватни цели

Сведоштвата на д-р Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси. Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница „Жан Митрев“. Ова не е политика наменета за граѓаните, туку е мафијашки модел на дејствување, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Дополнително, според јавно изнесените сведоштва, Заев и Филипче сакале сами да ја одредат вредноста на болницата. За возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев. Класична уцена и класична злоупотреба на власта.

Овие обвинувања не доаѓаат изолирано. Тие се надоврзуваат на долгата низа сомнежи и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции.

Филипче денес се обидува да се претстави како ново лице, но седи во фотелјата на Заев и ги спроведува истите политики. Истите луѓе, истите шеми, истата злоупотреба.

Прашањето е едноставно, а Филипче треба да го одговори. Дали човек со ваков багаж на сомнежи и скандали може да има кредибилитет да води партија?

Наместо повлекување и одговорност, гледаме ароганција и молк. Затоа правдата мора да зборува.

Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи. Законот мора да важи за сите.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1