Политика
СДСМ ги критикува сите што ќе одат на лидерската средба
Средба со криминалци нема да има, СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна.
Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата, во анти ЕУ кампањата за изолација на земјата, во планот за предвремени избори и мигранти за пари.
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени. Не сакаат реформи за ЕУ туку покритие за намерна изолација на земјата.
Им се брза, им ја откивме корупцијата, им ги разоткривме плановите за мигранти, нема пари во буџетот.
Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија.
Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем.
Скандалот со ИПАРД 3 видовте, има и уапсен директор од ВМРО заради корупција и злоупотреба на европски пари. Можете да замислите што сè се случува во
Министерството за земјоделство. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерството. Затоа не сакаат техничка влада.
Злоупотребата на полицијата после целосната партизација е уште еден инструмент за притисок, сила, закани и уцени но и за заштита на криминалци. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата да влезе.
Покрај оние 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра тендери за трета, 1,2 милиони евра тендри во Пошта може само да замислите што се прават.
Не сакаат да има техничка влада – за опозицијата да не влезе и да не види што сè правеле.
Во буџетот нема пари. Недостасува една милијарда. Дупките власта ги поплнува со постајно трупање нови долгови.
Сè е веќе јасно.
Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори.
Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели.
Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата.
Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата.
Се злоупотребуваат парите во земјоделието.
Масовниот надзор со 65 илјади камери нема контролни механизми ниту заштита од злоупотреби.
Заклучкот е едноставен, не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт.
Опозицијата мора да влезе во техничката влада и да се обиде да обезбеди барем малку улосови за фер избори.
СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните.
Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме.
Заедно ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните.



