Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се фокусира на своите криминални шеми и на внатрепартиските проблеми, а не да манипулира за дневнополитички поени

СДС си продолжува со старата матрица на неосновани обвинувања и политички конструкции, без ниеден конкретен доказ за незаконско постапување, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијатга на СДСМ

Уште еднаш е јасно дека СДС демонстрира површност и непрофесионалност.

Сите јавни набавки спроведени од општините и од Град Скопје се реализирани во согласност со Законот за јавните набавки преку транспарентни и јавно објавени постапки, достапни за проверка од сите надлежни институции.

Наместо да шири шпекулации и наводи од анонимни свиркачи, СДС треба да одговори за сопствените корупциски скандали и за уништената доверба на граѓаните во институциите за време на нивното „успешно“ владеење кога ја пљачкаа државата, ги уништуваа институциите и го осиромашуваа народот за сега со украдените пари да тераат бизниси во светски дестинации како Дубаи.

Граѓаните заслужуваат сериозна и одговорна политика, а не импровизации за дневнополитички поени.

И за крај, СДС, кога веќе зборува за фотеЉата на Орце, добро е првин нивниот АКТ-тим да научи како се пишува зборот затоа што кога не се знае правописот, тешко се држи лекција за политика!

ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5