Рецепти
Ребра во сос од вино и чили зачин

Потребни состојки:
2 главици кромид, 2 килограми свински ребра, 4 лажици сол, 200 мл. кечап, 4 лажици сенф, 4 лажици оцет, 300 мл. црвено вино, 2 лажици кафеав шеќер, 2 лажици чили сос, сол и црн пипер, масло за јадење, 2 лажици брашно.
Начин на подготовка:
Во посебен сад измешајте ги брашното, солта и црниот пипер. Ребрата измијте ги и секое ребро прекријте го со смесата од брашно и зачини.
Во голема тава на оган загрејте маслиново масло и испржете ги ребрата, се додека не поруменат.
Во посебна тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид, чилито, кечапот, оцетот, сефот и кафеавиот шеќер. Измешајте ја смесата и варете ја на тивок оган околу 2 минути, а потоа во тавата додајте ги и ребрата.
Издинстајте ги ребрата во сосот околу 5 минути, а потоа префрлете ги во тава за печење и прелијте ги со сосот. Печете 2 часа на температура од 160 степени целзиусови.
Ребрата треба да бидат добро испечени, па по потреба печете уште половина час.
јули 27, 2025