Регион
CIVICUS Monitor: Србија е држава „под репресија“
Србија „падна“ во оценката на граѓанскиот простор од „опструиран“ во – „под репресија“, според најновиот извештај на меѓународната истражувачка платформа CIVICUS Monitor, што ја следи состојбата на граѓанските слободи во 198 земји и територии, објавија Граѓанските иницијативи.
Категоријата „под репресија“, втората најниска можна, ги опишува земјите каде што слободите на изразување, собирање и здружување се строго ограничени, а спротивставувањето на властите може да доведе до сериозни последици, како што се насилство, гонење или затворање.
Во 2025 година, Србија беше меѓу 50-те земји со таа оценка, заедно со Грузија, Зимбабве, Пакистан и Ел Салвадор, се наведува во соопштението.
„Намалувањето на рејтингот за Србија претставува пресвртница. Властите повеќе не се обидуваат само да ги потиснат критиките, туку активно го задушуваат правото на слободно изразување, здружување и протест“, рече Ине Ван Северен, раководителка на истражувањето.
Според неа, држава што тврди дека се стреми кон демократија не смее да ги прогонува граѓаните затоа што тие бараат одговорност.
декември 9, 2025


