Регион
Спиропали: Безбедноста во регионот започнува со признавање на Косово како независна и суверена држава
Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Елиса Спиропали денеска се обрати на 32-от министерскиот состанок на ОБСЕ, што се одржува во Виена.
Таа ја потврди целосната поддршка на Албанија за „меѓународното право, правдата, одговорноста и човековото достоинство, во услови на руска агресија во Украина“.
– Мирот, стабилноста и безбедноста низ цела Европа продолжуваат да бидат наши главни приоритети. Безбедноста и одржливиот напредок во нашиот регион започнуваат со признавањето на Косово како независна и суверена држава, истакна Спиропали.
Таа додаде дека Албанија уште од самиот почеток на војната искажала безрезервна поддршка за суверенитетот на Украина
декември 5, 2025


