Регион
Штрајкот на јавниот превоз во Приштина заврши по девет дена
Штрајкот на „Јавниот превоз“ и приватните компании што обезбедуваат услуги за јавен превоз во Приштина заврши по девет дена.
„Во текот на претходните денови, прекинот на превозот беше неизбежен поради финансиски тешкотии што произлегоа од неплаќањето на обврските на општината кон компанијата. Изразуваме искрено жалење за тешкотиите со кои граѓаните беа принудени да се соочат во текот на овие денови без услуги за јавен превоз и ви благодариме за разбирањето“, се вели во соопштението од синдикатот за јавен превоз.
Вработените во јавниот превоз и приватните превозници протестираат секој ден пред зградата на Општина Приштина.
Собранието на општина Приштина одржа вонредна седница во четвртокот за да го одобри префрлањето на сопствените приходи, што би овозможило плаќање на фактури.
Министерството за финансии, труд и трансфери обезбеди 2,7 милиони евра за овие цели.
Во наредните денови се очекува да бидат префрлени преостанатите приближно 25 милиони сопствени средства на општината, кои, според општината, косовското Министерство за финансии досега незаконски ги блокирало.
декември 4, 2025

