Connect with us

Сервисни информации

Свлечиште кај Шипковица – четири семејства ќе се евакуираат

Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица. Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени 4 куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово.

Во моментот се превземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свечишта.

На територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања каде што екипи на ЈП „Македонија пат“ редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот.

Одроните на патот кон с.Моштица во Општина Македонска Каменица, од страна на екипи на ЈП Камена река е извршено чистење на одронот и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2