Connect with us

Сервисни информации

Нема опасност од излевање на Брегалница во градот Штип

Нема опасност од излевање на реката Брегалница на подрачјето на Штип. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов вели дека  ситуацијата не е алармантна и се следи будно водостојот, со што доколку дојде до евентуално излевање на реката ќе се реагира навремено.

-Во координација сме со сите релевантни чинители, институции, но и јавните претпријатија кои највеќе би биле на висина на задачата доколку има потреба од евентуално интервенирање, по однос на коритото и спречување од евентуални излевања на водата на река Брегалница. Кризниот штаб сега за сега не заседава по однос на водосостојбата на река Брегалница од причина што не е алармантна. Доколку има било каква потреба за интервенција, заседавање на кризен штаб, секако дека Општина Штип ќе одговори на она кое е наша обврска и сега за сега можам да кажам дека граѓаните не треба да бидат загрижени затоа што редовно и будно се следи водосостојбата на река Брегалница, изјави Јорданов.

Реката Брегалница при зголемен водостој се излева од коритото кај населбите Осми Номеври и Ново Село. Опасност од нејзино излевање имаше во 2021 година поради зголемениот водостој и врнежите од дожд.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3