Регион
Движењето Самоопределување повторно го номинираше Албин Курти за премиер за изборите на 28 декември во Косово
На денешната седница на Главниот одбор, Движењето Самоопределување повторно го номинираше својот претседател Албин Курти за премиер на изборите закажани за 28 декември.
Потпретседателот на партијата, Гљаук Коњуфца, објавувајќи ја премиерската кандидатура од нивната партија, Курти го оцени како „најуспешниот премиер и најгласно поддржан од народот во историјата на парламентарната демократија“.
„Јас ќе го номинирам оној што добил најмногу гласови од нашиот народ во историјата на парламентарната демократија. Најзаслужниот во водењето на Движењето Самоопределување, лидерот на социјалната и демократската трансформација на Косово, најуспешниот премиер на републиката, Албин Курти“, рече Коњуфца.
За време на својот говор, Коњуфца ги обвини досегашните опозициски партии дека „сакаат да ја блокираат државата само за да го ослабнат Курти“.
„Тие одбија дури и да формираат влада, па граѓаните се во право да прашаат што всушност сакаат. Тие сакаат да блокираат сè, така што блокадата на државата изгледа како слабеење на Самоопределувањето. Тоа е исклучително штетна и антидржавна агенда“, рече Коњуфца.
Курти по номинацијата изјави дека не е негова вина што земјата мора повторно да одржи избори.
Според него, другите партии одбиле да соработуваат не затоа што немало понуди, туку затоа што, како што рече, „не можете да формирате влада врз основа на договори за поделба на управните одбори“.
Претходно, кандидати за премиер номинирана Демократската партија на Косово, со Бедри Хамза, и Демократскиот сојуз на Косово, со Љумир Абдиџику.
ноември 27, 2025

