Connect with us

Регион

Думани во Брисел: Добиваме закани и уцени од политиката, криминални групи, медиуми

Првиот човек на албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, за време на неговата официјална посета на Брисел, во Европскиот политички центар, зборуваше за тешкотиите во работењето на институцијата од нејзиното формирање пред 6 години.

Думани го нагласи развојот на СПАК како модел-институција за реформа на правосудството во Албанија, изградена врз независност, професионализам, институционална стабилност, меѓународна соработка и јавна доверба.

Сепак, Думани ги спомена и притисоците од политиката, медиумите или криминални групи како тешкотии.

„Тешкотиите беа бројни, посебно големиот притисок под кој бевме, од јавноста која бараше резултати, бидејќи СПАК, уште од неговото создавање, се сметаше за надеж за функционирање на институциите и за ставање крај на неказнивоста. Иако очекувањата беа големи, нашите реални можности беа ограничени. Друга тешкотија беше справувањето со различните притисоци и закани што доаѓаа и доаѓаат кон обвинителството и специјалните обвинители, од политиката, од медиумите, но особено од организираниот криминал, рече Думани, објави Топ чанел.

Тој додаде дека сепак обвинителите на СПАК имаат искуство и се подготвени да се справат со овие притисоци, без оглед од каде доаѓаат и оти „секој од нив има восхитувачко искуство и професионална зрелост“. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4