Connect with us

Сцена

Протече видео со Диди во затворот

Видео со американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс, кој издржува четиригодишна казна во затворот Форт Дикс во Њу Џерси, е објавено во јавноста. На видеоснимката се гледа како се дружи со другите затвореници во затворската библиотека.

Видеото првично го објави американскиот таблоид „Ти-ем-зи“ (TMZ). На снимката, Диди е облечен во затворска униформа, лежерно разговара со другите и ги извршува своите секојдневни обврски. 

За потсетување, раперот беше уапсен во септември 2024 година по низа сериозни обвиненија, вклучувајќи рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и прекршоци поврзани со проституција. Судењето почна во мај оваа година, а во јули Диди беше прогласен за виновен за транспорт на лица со цел проституција, додека беше ослободен од најтешките обвиненија. Во октомври, тој беше осуден на четири години и два месеци затвор и парична казна од 500.000 долари. Казната, исто така, вклучува обврска за учество во програми за ментално здравје и лекување од зависност.

Според западните медиуми, неговата казна подоцна е продолжена за уште еден месец поради кршење на затворските правила. Наводно, тој консумирал домашен алкохол направен од ферментиран шеќер, Фанта и јаболка и водел нелегален телефонски разговор со три лица, само неколку дена пред неговото префрлање во затворот во Њу Џерси.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3