Connect with us

Сцена

Били Боб Торнтон за бракот со Анџелина Џоли: Во медалјони чувавме по капка крв од другиот

Американскиот глумец Били Боб Торнтон, инаку поранешен сопруг на Анџелина Џоли, во новото интервју, меѓу другото, говореше и за тоа како тој и таа, додека биле в брак носеле ѓердани со медалјони со крвта на другиот брачен партнер.

– Секој од нас имаше мал медалјон – буквално со капка крв во него. Беше тоа мала романтична идеја и – тоа беше сè. Но, кога сè ќе заврши, ние сме вампири. Живееме во темница, ја пиеме крвта еден на друг и слично, се пошегува тој во разговорот за „Ролинг стоун“.

Тој исто така, рече дека одлично се забавувале во бракот и дека останале во добри односи по разводот.

– Таа и јас сè уште сме многу, многу блиски пријатели. Тоа беше цивилизирано разделување. Едноставно, прекинавме затоа што нашите животни стилови беа многу различни, изјави тој.

Торнтон и Џоли се запознале во 1999 на снимањето на филмот „Контролна кула“ (Pushing Tin) и се венчаа во 2000 година. По две години објавија дека го посвојуваат својот син Медокс од Камбоџа. Се разведоа во 2003 година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4