Connect with us

Култура

Започнаа 58. Детски Рацинови средби

Со програмата „Бдеење пред мугрите“, во присуство на голем број ученици од Велес и повеќе градови од земјава на Спомен костурницата од НОВ и во дворот СОУ Гимназијата „Кочо Рацин“, вчера попладне  започнаа  годинашните 58. Детски Рацинови средби во Велес, градот на Рацин.

Програмата ќе продолжи претпладнево со дефиле „Цветен пат за Рацин“кај споменикот на Рацин пред СОУ Гимназија „Кочо Рацин“.

Свеченото доделување на наградите по распишаниот литературен и ликовен конкурс е утре попладне во 16 часот во салата на Локалната библиотека „Гоце Делчев“.

Организаторите ги повикуваат учениците од градот да ги посетат предвидените содржини од програмата на 58.Детски Рациови средби.Тие се посветени на делото на големиот Коста Солев Рацин кој е познат во целиот свет по неговата стихозбирка „Бели Мигри“ која е преведена на сите светски јазици.

Инаку годинава 58.Детски Рацинови средби се одржуваат во рамките на програмата за 9 – тти Ноември, Ден на ослободување на Велес и Ден на Општина Велес.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2