Култура
Повторно активна фолклорната група „Преспа“ – гордоста на Мала Преспа
Фолклорната група „Преспа“, по пауза од неколку години, повторно, со голем елан на младите македонски фолклористи и нивниот раководител Лазо Стојан, ги вежбаат традиционалните македонски песни и ора и ги презентираат на фестивали на национално и меѓународно ниво.
-По многу години пауза, Преспа повторно го разбуди ритамот на традицијата. Со љубов кон културата и со поддршка од Општина Пустец и градоначалникот Пали Колефски, повторно се возобнови фолклорната група „Преспа“ – симболот на духот, наследството и нашата гордост, објави Општина Пустец.
Според истиот извор, фолклорната група, ја обновила активоста по добиената покана за учество на Националниот фолклорен фестивал во јужниот албански град Ѓирокастро а во моментов се подготвува за учество на фолклорниот фестивал „Аутономфест“ што ќе се одржи во Корча на 10 декември.
-Со работа, страст и голема посветеност, групата е активирана и продолжува со работа под раководство на Љазо Стојан, достојно претставувајќи ја Преспа на различни фестивали, наведуваат од општината.
ноември 12, 2025

