Connect with us

Сцена

Нела Манческа со „Miracle“ ќе нѐ претставува на детската „Евровизија“

Македонската Радио Телевизија со гордост ја претставува песната „Miracle“, во изведба на Нела Манческа, со која ќе настапи на овогодинешното издание на Јуниорскиот Евросонг 2025.

Создадена од Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), „Miracle“ не е само песна- тоа е чувство. Таа раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе- за моментот кога ја пронаоѓаме сопствената светлина дури и во најтемните мигови. Со својот емотивен вокал и искрена интерпретација, младата Нела Манческа ја оживува пораката дека секое дете, секој човек, има сила да засвети и да остави свој траг.

Видеоспотот, во режија на Огнен Шапковски, преку кинематографски кадри и топли златни тонови, го претставува патувањето од нежност до сјај – создавајќи моќна визуелна симболика на пораката што ја носи песната.

На 13-ти декември во Тбилиси, Грузија, Нела Манческа ќе настапи десетта по ред, носејќи ја светлината на „Miracle“ на 23-то издание на Јуниорскиот Евросонг.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1