Connect with us

Свет

Американски сенатори од двете партии бараат Орбан да ја намали енергетската зависност од Москва

Двопартиска група американски сенатори ја повика Унгарија да ги запре набавките на руски енергенси, непосредно пред средбата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со претседателот на САД Доналд Трамп.

Како што објави Блумберг, резолуцијата, потпишана од десет сенатори од двата политички блока, предупредува дека Унгарија не покажува знаци на намалување на својата зависност од руските фосилни горива и ја повикува да се приклучи кон иницијативата на Европската Унија за целосен прекин на увозот до 2027 година.

– Владимир Путин е воен злосторник кој ги финансира своите убиства и агресија преку извоз на енергетски ресурси, изјави сенаторот Том Тилис од Северна Каролина.

И сенаторката Жан Шахин нагласи дека Европа постигнала значителен напредок во прекинувањето на енергетските врски со Москва, но дека постапките на Унгарија ја поткопуваат заедничката безбедност и го зајакнуваат Кремљ.

– Оваа резолуција испраќа јасна порака дека нема да дозволиме енергетската зависност да стане оружје во рацете на брутален диктатор,  изјави Шахин.

Медиумите пренесуваат дека Унгарија подготвува голема енергетска понуда за САД во пресрет на посетата на Орбан во Вашингтон, со цел да добие посебен третман во рамките на американските санкции кон Русија. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2