Сцена
Аманда Бајнс: Земам „Оземпик“ за да бидам слаба и слатка
Американската поранешна глумица Аманда Бајнс ги сподели со своите обожаватели резултатите од губењето тежина што го постигнала со користење на „Оземпик“ – познат лек за дијабетес.
Имено, Бајнс откри дека ослабела околу девет килограми и се надева оти ќе ослабе уште 23 кг за да ја достигне посакуваната тежина. Таа подробно го опиша своето искуство со користењето на овој лек на својот Инстаграм и признава дека почетокот не бил лесен – – откако почнала да го користи лекот во јуни, првично се здебелила, пишува „Дејли мејл“ (Daily Mail).
„Сега имам околу 74 кг, а користејќи ги апчињата ‘Оземпик’, прво се здебелив – скокнав на 82 кг. Со инјекцијата ‘Оземпик’, успеав да ги изгубам килограмите и тоа ми помага. Се обидувам да ослабам повеќе килограми, само за да се чувствувам слаба и слатка“, вели таа.
Ѕвездата од тинејџерските филмови се повлече од глумата пред 15 години. Последен филм каде што глумела е „Лесна петка“ (Easy 5) од 2010 година, според ИМДБ.
Пред неколку месеци, глумицата објави, според многумина – „неочекуван чекор“ во нејзината кариера. Во април оваа година, отвори профил на интернет-страницата за возрасни, „Онлифанс“ (OnlyFans), нагласувајќи дека таа таму нема да објавува сексуална содржина, туку ќе ја користела платформата за комуникација со фановите. Бајнс, инаку, наплаќа 50 долари месечно за пристап до нејзиниот „Онлифанс“ профил.
ноември 7, 2025

