Connect with us

Свет

Извештај: Минатата година едно од пет деца живеело во конфликтни зони

Во 2024 година околу 520 милиони деца ширум светот живееле во конфликтни зони, што е за 47 милиони повеќе од претходната година и најголем број регистриран од 2005 година, се наведува во извештајот на Спасете ги децата (Save the Children).

Британската невладина организација истакнува дека тоа значи оти едно од пет деца ширум светот живеело во активни конфликтни зони во 2024 година.

Во извештајот се наведува дека само минатата година биле потврдени 41.763 „тешки прекршувања на законите против децата“, што е зголемување од 30 проценти во споредба со 2023 година и рекордно високо ниво. Повеќе од половина од овие инциденти се случиле само во четири региони: окупираните палестински територии, Демократска Република Конго, Нигерија и Сомалија.

Во 2024 година вкупно биле регистрирани 61 конфликти во држави, што е највисока бројка од 1946 година.

Извршниот директор на Спасете ги децата во Германија, Флоријан Вестфал повика на итна политичка акција.

– Во време на глобално воено засилување, заштитата на децата мора да биде во центарот на безбедносната политика, посочи Вестфал, додавајќи дека е скандалозно што владите трошат повеќе на оружје отколку на заштита на децата во конфликтните зони.

Извештајот се базира на податоци од Институтот за истражување на мирот (ПРИО) со седиште во Осло и извештаите на Обединети нации. Конфликтните зони се дефинирани како области во радиус од 50 километри од место каде имало барем еден „конфликтен инцидент“.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3