Свет
Почина поранешниот церемонијален шеф на Северна Кореја
Долгогодишниот севернокорејски дипломат и поранешен церемонијален почесен шеф на државата Ким Џонг-нам почина вчера на 97 години.
Како што јави Севернокорејската новинска агенција КЦНА, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му оддаде почит и изрази сочувство.
Ким Јонг-нам беше единствената личност, која не припаѓаше на династијата Ким, а ја извршуваше функцијата номинален шеф на државата, а од 1998 година до неговото пензионирање во 2019 година тој ја претставуваше Северна Кореја на меѓународно ниво, како едно од најпознатите лица на севернокорејската дипломатија.
Ким ги преживеа големите политички чистки во 70-тите години од минатиот век, како и чистките во 2013 година.
Тој беше и претседател на Президиумот на Врховното народно собрание (Парламент) на Северна Кореја и долгогодишен дипломат во служба на тројца севернокорејски лидери.
Ким Јонг-нам студираше на Универзитетот Ким Ил-сунг и на Московскиот државен универзитет.
ноември 5, 2025

