Connect with us

Вести

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025 во 32 општини и Градот Скопје.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко, информираше дека од обработени 98,25% од избирачките места во вториот круг, гласале вкупно 415.435 избирачи или 41,76 проценти на ниво на цела држава.

За градоначалник на Град Скопје во вториот круг за Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски гласале 93.207 гласачи, додека за кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ 58.994 гласачи или 36,26 проценти од вкупниот број гласови.

Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 35,05 отсто.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во 21 општина, кандидатите на Коалицијата ВРЕДИ во четири општини, кандидатите на СДСМ и Коалицијата во три општини, и кандидатите на Движењето ЗНАМ и Унија на Роми во по една општина.

Во Аеродром од обработени 99,9% за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и актуелен градоначалник на општината Дејан Митески за кого гласале 17.873 граѓани, додека за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Александар Трајановски гласале 9.489 граѓани.

Во Боговиње од 100% обработени податоци за Фети Абази од Коалицијата ВРЕДИ за кого гласале 6 380 гласачи, додека за Бесник Емши од НАИ гласале 5.040 гласачи.

Во Општина Брвеница од 100% обработени податоци за Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласлае 4.369 гласа, додека за кандидат Хаким Рамадани од Коалиција ВРЕДИ гласале 4.224 гласачи.

Во Општина Валандово од 100% обработени податоци за кандидатот Ѓоко Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 3.258 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Перо Костадинов гласале 3.012 избирачи.

Во Општина Виница од 100% обработени податоци за Митко Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 4.449 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Гоце Милевски гласале 3.320 избирачи.

Во Општина Дебар од 100% обработени податоци за Фесник Мела од Коалицијата Вреди гласале 4.369 избирачи, додека за Рамадан Имери 3.674 избирачи.

Во Општина Дебарца од 100% обработени податоци за Златко Силјановски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1.511 избирачи, а за кандидатот на Зоран Ногачески гласале 859 избирачи.

Во Општина Демир Капија од 100% обработени податоци за Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1.222 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Лазар Петров гласале 1.152 избирачи.

Во Општина Дојран од 100% обработени податоци за Илија Тентов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1.183 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Ристо Џинев гласале 679 избирачи.

Во Општина Долнени од 100% обработени податоци за Блерим Исљами од Коалицијат Вреди гласале 3.970 гласачи, додека за Сашко Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 2.799 избирачи.

Во Општина Зрновци од 100% обработени податоци за Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 679 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Ванчо Митев гласале 690 избирачи.

Во Општина Карпош од обработени 93,24% податоци за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Сотир Лукровски гласале 12.650 избирачи додека за кандидат од Гром, на Коалицијата „Искуство за успех“ Стевчо Јакимовски 11.421 гласачи.

Во Општина Кичево од 99,16% обработени податоци за Александар Јовановки од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 14.205 избирачи, а за Фатмир Дехари од НАИ гласале 11.908 гласачи.

Во Општина Конче од 77,78% обработени податоци за Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 961 избирач, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Благој Илиев гласале 787 избирачи.

Во Општина Кочани од 100% обработени податоци за Влатко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 7.368 избирачи, а за кандидатот Венко Крстевски 5.914 гласачи.

Во Општина Крушево од 100% обработени податоци за Нико Чонески од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 2.662 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Томе Христовски гласале 2.643 избирачи.

Во Општина Куманово од 98,20% обработени податоци за Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ гласале 16.528 гласачи, додека за Горан Стојковски гласале 15.366 избирачи.

Во Општина Лозово од 100% обработени податоци за Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 735 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Ацо Велковски гласале 688 избирачи.

Во Општина Македонска Каменица од 100% обработени податоци за Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1.702 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Соња Стаменкова гласале 1.734 избирачи.

Во Општина Македонски Брод од 96,23% обработени податоци за Жарко Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 2.163 избирачи, а за Мирослав Војневски 171 избирач.

Во Општина Могила од 100% обработени податоци за Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 2.070 избирачи, а за кандидатот Сашо Пивковски 415 избирачи.

Во Општина Неготино од 100% обработени податоци за Марија Нацева од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 4.713 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Петар Мантев гласале 3.966 избирачи.

Во Општина Пробиштип од 100% обработени податоци за Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 4.163 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Драган Атанасов гласале 4.134 избирачи.

Во Општина Ранковце од 100% обработени податоци за Даниел Павловски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1.091 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Даниел Крстевски гласале 920 избирачи.

Во Општина Росоман од 100% обработени податоци за Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1.305 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Стојан Николов гласале 1.231 избирач.

Во Општина Струга од 97.02% обработени податоци за Арсим Далипри од НАИ гласале 11.411 гласачи, додека за Менди Ќура гласале 12.040 избирачи.

Во Општина Студеничани од 100% обработени податоци за Ејуп Абази од НАИ гласале 4.353 избирачи, додека за Азем Назики 4.159 избирачи.

Во Општина Тетово од 99,15% обработени податоци за Бајрам Реџепи од НАИ гласале 15.958 избирачи, додека за Биљал Касами од Коалицијата Вреди гласале 21.004 избирачи.

Во Општина Центар од 94,87% обработени податоци за кандидатот на СДСМ и Коалицијата и актуелен градоначалник Горан Герасимовски 10.429 избирачи, додека за кандидатот од Движењето ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ 7.578 гласачи.

Во Општина Чешиново Облешево од 92,31% обработени податоци за Јорданче Костадинов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1.488 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Горанчо Крстев гласале 1.235 избирачи.

Во Општина Чучер Сандево од 100% обработени податоци за Зоран Бајовски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 2.899 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Сашко Комненовиќ гласале 2.315 избирачи.

Во Општина Шуто Оризари од обработени 91,67% од гласовите за кандидатот на Унија на Роми и актуелен градоначалник Курто Дудуш гласале 3.354 гласа, додека за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Ерџан Демир 2.991 гласач.

Кондарко посочи дека согласно одредбите од Изборниот закон за избран во втор круг се смета кандидатот што добил мнозинство гласови од вкупно излезените гласачи, без никакви услови и цензус.

ДИК во текот на утрешниот ден на јавна седница ќе ги објави првичните официјални резултати. Роковите за приговори за постапката за утврдување и сумирање на резултатите почнуваат да течат од утре по објавувањето на првичните официјални резултати, додека веќе од 19 часот вечерва течат роковите за приговори по основ на постапката за спроведување на гласањето.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3