Connect with us

Свет

Франција воведува специјални розови регистарски таблички

Почнувајќи од следната година, во Франција се воведуваат розови регистарски таблички. Тие ќе ги заменат табличките што се користат за нови и увезени возила, коишто се бели, исто како и стандардните таблички, а целта е со тоа да се спречат измами и злоупотреби.

Секоја година во Франција, меѓу 350.000 и 450.000 возила се опремени со привремени регистарски таблички, и тие важат максимум четири месеци. Сепак, некои возачи продолжуваат да возат со истечени таблички. Владата вели дека измамата со регистарски таблички е растечки проблем. За борба против таквите случаи, Франција ја воведува новата мерка почнувајќи од првиот квартал од 2026 година. Розовите таблички, се вели, се видливи и уочливи во сообраќајот, што ѝ олеснува на полицијата и царината да ги проверуваат возилата со привремена регистрација.

Ниту една друга земја засега не ја користи розовата боја за регистарски таблички.

Покрај сѐ друго, и датумот на истекување (месец и година) ќе биде отпечатен на плочката, така што полицајците и камерите за брзина ќе можат многу побрзо да увидат дека возилото е или сè уште не е проверено и регулирано за возење

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2