Свет
Трамп го намали приемот на бегалци во САД на историски најниско ниво – само 7.500 за 2026 година
 
																								
												
												
											Американскиот претседател Доналд Трамп постави лимит од 7.500 луѓе што ќе бидат примени да аплицираат за азил во САД за фискалната 2026 година.
Ова е најмалата бројка во историјата откако се води статистика за овој показател. Фиксниот плафон поставен од Трамп може да се види во документ објавен денеска од Белата куќа.
Досега САД на своја територија примаа стотици илјади луѓе од сите краишта на светот, кои бегаа од војни и политички прогон.
На страницата на Федералниот регистар, каде што е објавен документот, не се споменува причина за наглото намалување на бројката. Минатата година – за време на претседателскиот мандат на Џо Бајден – таа беше 125.000.
Во меморандумот се вели само дека приемот на најмногу 7.500 бегалци за фискалната 2026 година „се заснова на хуманитарни причини, а и инаку е во национален интерес“.
октомври 31, 2025
 
											 
											 
											 
								 
								

 
								 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										