Connect with us

Свет

Владата на Литванија одлучи на еден месец да ја затвори границата со Белорусија

Литванската влада денеска одлучи да ја затвори границата со Белорусија еден месец, со цел да се обезбеди безбедноста на граѓаните.

-Безбедноста на граѓаните е несомнен приоритет на владата и затоа е потребно да се затвори границата со Белорусија, од каде што доаѓаат одредени закани, изјави литванската премиерка Инга Ругињене.

Континуираните инциденти со балони што превезуваат шверцувани цигари на литванска територија и недостатокот на желба на белоруските власти да преземат мерки против ваквите дејствија го натераа Вилнус целосно да ја затвори границата.

Преминувањето на границата ќе им биде дозволено на граѓаните на ЕУ, граѓаните на земјите-членки на НАТО, граѓаните на трети земји со привремена дозвола за престој кои се враќаат на територијата на ЕУ, како и на граѓаните на трети земји и дипломатите во транзит.

Литванско-белоруската граница е долга околу 680 километри.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг