Connect with us

Свет

Малта ќе го намали данокот за родителите за да ја зголеми стапката на наталитет

Родителите на две или повеќе деца на Малта од следната година ќе плаќаат помал данок. Мерката е со цел да се поттикне наталитетот.

Министерот за финансии Клајд Каруана, во вчерашното обраќање пред пратениците, истакна дека екстремно ниската стапка на фертилитет кај малтешкото население е „најголемиот предизвик“ со кој се соочува земјата.

– Треба да охрабриме повеќе семејства да имаат најмалку две деца, рече Каруана, додавајќи дека од 2026 година, родителите на две или повеќе деца ќе бидат ослободени од данок на првите 18.500 евра приход.

Тој износ ќе се зголеми на 30.000 евра по родител од 2028 година, а даночните олеснувања ќе се применуваат додека децата не наполнат 23 години.

Според извештајот на европската статистичка агенција Евростат, во 2023 година Малта имала најниска стапка на фертилитет меѓу членките на ЕУ, 1,06. Иако е густо населена, со околу 1.704 луѓе на квадратен километар, речиси една третина од жителите на оваа островска држава се странски работници и нивните семејства.

Каруана во февруари изјави дека Малта има 406.000 локални жители, од кои 24 проценти се над 65 години.

Слични мерки во септември објави и Полска, каде што данокот беше укинат за семејства со најмалку две деца и приходи до 33.000 евра годишно. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг