Connect with us

Свет

Грузиската владејачката партија бара од суд да забрани три најголеми опозициски блока

Претседателот на грузискиот парламент Шалва Папуашвили изјави дека владејачката партија побарала од Уставниот суд да забрани три најголеми опозициски партии во земјата, јавија денеска локалните медиуми.

Според Папуашвили, уставната тужба што ја подготви владејачката партија бара трите главни опозициски партии Националното движење, Коалицијата за промени и Силна Грузија – Лело да бидат прогласени за неуставни и да бидат забранети.

Покрај тоа, партијата Грузиски сон бара да бидат забранети и други политички партии тесно поврзани со главните опозициски партии, иако се формално регистрирани како независни, самостојни партии. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3
Маркетинг