Connect with us

Свет

ЕУ би можела да ја намали помошта за глобалните фондови за имунизација

Европската комисија би можела да го следи примерот на САД и на Велика Британија и до 2030 година да го намали финансирањето на организациите за имунизација „Гави“ и „Глобалниот фонд“, со цел да пренасочи средства за зголемување на влијанието на ЕУ во странство во други области. 

Ваквата можност е наведена во документ подготвен за еврокомесарот за меѓународни партнерства, Јозеф Сикела, во кој се наведува дека ЕУ треба „да се фокусира на фондови каде што навистина може да го обликува менаџирањето“. 

Во документот, во кој увид имал „Еурактив“, се предлага ревидирање на идната развојна помош на ЕУ во странство со цел да се избегне финансирањето на иницијативи чии активности се преклопуваат, како оние на Алијансата за вакцини „Гави“, која има за цел да го подобри пристапот до вакцини за децата во земјите во развој и „Глобалниот фонд“, кој се бори против туберкулозата, СИДА-та и маларијата. 

Овие две организации тврдат дека спасиле околу 90 милиони животи преку програми за вакцинација и превенција од маларија, ебола, мајмунски сипаници, дифтерија, полио и ХИВ во земјите со ниски и средни приходи. 

Во предлог-документот на Сикела се наведува дека ЕУ треба да заземе постратешки пристап во своите планови за развојна помош во странство, во услови кога иако е меѓу најголемите донатори на помош во светот, нејзиното политичко влијание сепак не е на ниво на финансиските средства што ги одвојува за трети земји. Во него се наведува дека од 2021 година, ЕУ доделила 3,5 милијарди евра помош во глобалните фондови. 

Ваквата најава на ЕУ следи откако на почетокот на годината Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп го намали американското финансирање за „Гави“ и „Глобалниот фонд“. Во исто време и Велика Британија го намали финансирањето на „Гази“ за 400 милиони фунти. 

На прашање на „Еуроактив“ до Европската комисија дали се планира спроведување на предлогот на Сикела, портпарол на ЕК без да даде конкретен одговор само рекол дека ЕУ во последните месеци е контакт со земјите членки и со други партнери за да се „испитаат опции за такви реформи“. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3
Маркетинг