Connect with us

Свет

Колумбискиот сенатор Иван Сепеда избран за претседателски кандидат на левицата за изборите во 2026 година

Колумбискиот сенатор Иван Сепеда на внатрепартиски избори беше избран за претседателски кандидат на левицата во Колумбија за изборите во 2026 година.

Сепеда во трката се соочи со поранешната министерка за здравство Каролина Корчо. Тој доби 64,4 отсто од гласовите, а таа 29,5 отсто.

Другите политички партии во Колумбија ќе ги одржат своите прелиминарни избори во март, паралелно со парламентарните избори. Претседателските избори во земјата ќе се одржат во мај и ќе бидат во два круга.

Сепеда е филозоф и борец за човекови права. Има 63 години и е отворен непријател на влијателниот поранешен претседател од десницата, Алваро Урибе, кој беше на чело на земјата од 2002 до 2010 година. Според Сепеда, Урибе има врски со паравоени структури.

Сепеда, исто така, поднесе жалба против Урибе. Во август, Урибе беше осуден на 12 години домашен притвор по обвинение за процедурална измама и манипулирање со сведоци. Минатата недела, судот во Богота ја поништи пресудата поради недостиг на докази, а Сепеда рече дека ќе се жали до Врховниот суд и, доколку е потребно, до меѓународни судови.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг