Connect with us

Сцена

Калиопи најавува три акустични концерти во Филхармонија

Многу емоции и изненадувања од музички и концепциски аспект вети Калиопи за претстојните  концерти во Скопје, кои се закажани на 14 ноември, 6 и 7 декември во „Македонска филхармонија“.

-Не кажувам со кои песни, колку песни, очекувам публиката да се изненади од новите акустични концерти во Филхармонија, закажани на 14 ноември, 6 и 7 декември , во организација на „Прагма“ со кои соработувам веќе година ипол. Ветувам ново музичко искуство со бендот и гудачки квартет на сцената, изјави денеска на прес-конференцијата Калиопи.

За поп-ѕвездата е најважна публиката и енергијата што ја црпи од неа, како што нагласува, без разлика во колкав број е таа.

Секогаш, вели Калиопи, ми е важна интеракцијата со публиката, без разлика дали е на интимен простор или стадион.

-Очекувам дека Филхармонија, сите три вечери, ќе биде исполнета со многу луѓе и емоции, љубов и по некое плачење, вели Калиопи и додава дека тоа нема да биде од тага, туку од среќа. 

Кристијан Ристевски, првиот човек на „Прагма продукција“ истакна дека првиот концерт е веќе распродаден, а оти другите два се пред распродавање. Тој очекува дека ќе има уште еден четврти концерт и оти се чека слободен термин од Филхармонија, и дека тоа најверојатно ќе биде во декември.

Калиопи денеска ја најави и новата песна која ќе ја промовира во четврток во Белград, без да открие детали. Нов албум таа најави за 2027 година. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг