Connect with us

Свет

Девет загинати и 29 повредени во сообраќајна несреќа во Аргентина

Девет лица загинаа, а 29 се повредени денеска во североисточна Аргентина кога автобус по судар со автомобил падна од мост, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила околу 4:30 часот наутро по локално време, кога двокатен автобус со околу 50 патници се судрил со автомобил што доаѓал од спротивната насока во близина на градот Обера (1.000 километри од Буенос Аирес).

По сударот автобусот скршнал од патот, удрил во оградата на мостот и паднал во речното корито.

Повеќе од 100 пожарникари и спасувачи се распоредени за да им помогнат на повредените и да ги ослободат патниците заробени во автобусот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг