Connect with us

Политика

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на изборите, во втор круг со голема масовност да ја заокружиме бројката од 59 градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на изборите, затоа во втор круг со голема масовност да ја заокружиме бројката од 59 градоначалници, повика вечерва од Неготино, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

-Благодарам за поддршката во првиот круг. Нијанси фалеа за да се заврши работата уште во првиот круг, но ние сме ВМРО-ДПМНЕ, ние одиме по потешкиот пат, така што во втор круг убеден сум дека победата и довербата ќе бидат уште поголеми и Марија ќе биде следниот градоначалник на општина Неготино, рече Мицкоски, во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори на 2 ноември.

Мицкоски се осврна и на тоа дека на овие избори граѓаните јасно ја изразија својата волја и довербата која ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата каде што во првиот круг освои 33 градоначалници, наспроти три од СДСМ, а тоа е отприлика победа 11 спрема еден, а во втор круг влезе во 26 општини, меѓу кои е и општина Неготино.

-Веќе во две општини противниците на нивните кандидати се откажале, во Македонски Брод и Могила. Така што можеме да кажеме дека во овој момент коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ има 35 градоначалника и уште во 24 општини е во вториот круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници. Ние ќе се бориме за секој еден човек, никого нема да го оставиме во позадина, ќе ги дадеме сите сили и ќе ја вложиме сета енергија што ја поседуваме да добиеме дополнителни сега веќе, 24 градоначалника и со тоа да заокружиме бројка од 59 градоначалници. Нешто што историски ќе значи најголем триумф на македонската политичка сцена, истакна Мицкоски.

Повтори дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е апсолутен победник и ако на изборот на градоначалници се додадат и 58 општини каде што ВМРО-ДПМНЕ победи за советот или има мнозинство, што зборува дека поддршката на граѓаните е недвосмислена за политиките на Владата, но и за сето она коешто градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција го сработиле изминатите четири години.

„Не смееме да заборавиме уште еден друг факт, а тоа е дека нашиот кандидат за градоначалник на Град Скопје има убедлива предност во однос на својот противкандидат, од 92, 93 илјади гласа на наспроти 30, тоа повеќе од 3 спрема 1 и очекуваме таа бројка на биде преку 125, преку 130 илјади освоени гласови на овие локални избори во вториот круг. Ако на ова се додаде и победата на советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, тогаш заокружуваме фантастични 60 општини. До сега тоа никогаш во Македонија не се случило, една коалиција да победи во 60 општини. Навистина историски резултат, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелираше да се излезе масовно на гласање во вториот круг на 2 ноември и да се заокружи број 9 и со тоа да се потврди, како што рече, историски најголемата победа во Македонија и да продолжи развојот на државата и општините.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, најави реконструкција на градскиот плоштад и бројни други проекти.

Николоски честиташе како што рече, за победата во прв круг и рече дека таа ќе биде уште поголема во вториот. Тој додаде дека Марија Нацева ќе биде градоначалник на општина Неготино и им честиташе на новоизбраните советници во Советот на Општината. Притоа, истакна дека новата градоначалничка и мнозинството советници ќе реализираат бројни проекти заедно.

-Знаете дека Владата како никогаш претходно во историјата на државата одлучи да ги помогне општините. Одлучи со директни средства да се развиваат општините, рече Николоски, осврнувајќи се на бројните проекти што се реализираат во Неготино.

Николоски говореше и за идните проекти во Неготино како реконструкција на градскиот плоштад, реконструкција на улици во Долни Дисан и во Горни Дисан, Неготино, Курија, Криволак, Војшанци и така натаму. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг