Connect with us

Свет

Независната кандидатка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска.

Нејзината ривалка Хедер Хамфрис, од владејачката партија на десниот центар, денеска го призна поразот откако прелиминарните резултати покажаа голема разлика во гласовите меѓу кандидатите, објави британскиот весник „Гардијан“.

– Катрин ќе биде наш претседател и ќе биде мој претседател и навистина ѝ посакувам се најдобро, изјави Хамфрис.

Предзиборните анкети предвидуваа дека Коноли ќе добие 55 проценти од гласовите, а Хамфрис 35.

„Гардијан“ пишува дека Коноли ја добила поддршката од многу млади Ирци, а таа е поддржана и од коалиција на левичарски опозициски партии.

Претседателството во Ирска е во голема мера церемонијално, но победата на Коноли претставува пораз за владата на десниот центар.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг