Свет
Без претходна најава Литванија затвори два гранични премини со Белорусија
Државната царина на Белорусија објави дека Литванија затворила два гранични премини со Белорусија за возила, наведувајќи дека тоа е направено без претходна најава.
Во објава на Телеграм, се потсетува на изјавата на литванската премиерка Инга Ругиниена за затворање на контролните пунктови до денеска попладне. Таа рече дека Литванија ги затвора своите два преостанати контролни пунктови со Белорусија до утре попладне поради метеролошки балони од таа земја.
Литванските аеродроми во Вилнус и Каунас беа затворени синоќа поради метеролошки балони од Белорусија, објави литванското Министерство за транспорт.
Националниот центар за управување со кризи соопшти дека „десетици балони“ биле регистрирани.
октомври 26, 2025

