Свет
Песков: Русија ги анализира новите западни санкции и ќе дејствува во во согласност со своите интереси
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави Русија ги анализира најновите западни санкции и ќе дејствува во согласност со своите интереси.
– Во моментот ги анализираме утврдените и објавените санкции и, секако, ќе го направиме она што најмногу одговара на нашите интереси. Тоа е основата на нашите постапки. Ние дејствуваме првенствено не против некој друг, туку за нашите сопствени интереси, посочи Песков.
САД воведоа директни санкции врз двете најголеми руски нафтени компании, „Роснефт“ и „Лукоил“, а Европската Унија го одобри 19-тиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина, што вклучува забрана за увоз на руски течен природен гас.
октомври 25, 2025

