Connect with us

Сервисни информации

УХМР: Следува облачно и дождливо време, во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат денеска од УХМР. 

Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, кој ќе надминува брзина од 70 km/h.