Вести
МВР влегува во Град Скопје и Комунална хигиена поради состојбата со ѓубрето во главниот град, ОЈО собира докази

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки.
– Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување, ги повикуваме институциите веднаш да постапуваат по донесените заклучоци на Владата, се наведува во соопштението испратено од владината прес-служба.
Какко што информираат оттаму, на денешната владина седница е задолжено Министерството за внатрешни работи во соработка со надлежните институции, а му се укажува и на Инспекторатот при Град Скопје да постапат согласно своите законски надлежности и да го испитаат работењето на ЈП Комунална хигиена-Скопје и градоначалникот на Градот Скопје во врска со несобирањето на комуналниот отпад.
октомври 22, 2025