Connect with us

Свет

Локализиран пожарот во унгарската главна рафинерија за нафта

Пожарот што синоќа изби во главната унгарска рафинерија за нафта е ставен под контрола, соопшти компанијата МОЛ.

Пожарот изби синоќа во погон за преработка на сирова нафта Дунав, јужно од Будимпешта.

Се уште не е познато дали во несреќата има повредени луѓе. Причината за инцидентот се истражува.

МОЛ соопшти дека погоните што не беа зафатени од пожарот повторно работат.

Снабдувањето со гориво во Унгарија е безбедно, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, додека МОЛ соопшти дека ќе се фокусира на обезбедување на домашните резерви на гориво, а можно е и да се искористат државните резерви.

Властите соопштија дека квалитетот на воздухот во околината на рафинеријата постојано се следи и оти не е над дозволените параметри.

Рафинеријата Дунав, што почна со работа во 1965 година, може годишно да преработува 8,1 милиони тони сурова нафта. Заедно со втората рафинерија на МОЛ во Словачка, таа главно се снабдува со руска нафта преку јужната гранка на нафтоводот Дружба. По веста за пожарот, акциите на МОЛ се намалија за 1,7 отсто.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг