Сцена
Американскиот пијанист Ерик Лу ја освои главната награда „Шопен“

Американскиот пијанист Ерик Лу ја освои главната награда на 19. Меѓународен натпревар по пијано „Шопен“ во Варшава, Полска.
Одлуката на 17-членото жири, со кое претседава американскиот пијанист Гарик Олсон, дојде по часови размислување и оценување.
Победникот на Меѓународниот натпревар „Шопен“ добива награда од 60.000 евра и златен медал што му го доделува претседателот на Полска.
октомври 22, 2025