Connect with us

Свет

Нетанјаху повторно ќе се кандидира за премиер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа најави дека повторно ќе се кандидира за нов мандат на претстојните избори.

Во разговор за израелскиот Канал 14, Нетанјаху истакна дека планира да се кандидира за премиер на следните избори.

Тој изрази увереност дека ќе победи на парламентарните избори, кои се очекува да се одржат наесен 2026 година.

Како лидер на десничарската партија Ликуд („Унија“), Нетанјаху го држи рекордот со најмногу години на чело на израелска влада – вкупно повеќе од 18 години, со прекини, од 1996 година.