Вести
Сиљановска-Давкова: Помагалата треба да бидат на товар на државата, а не на товар на корисниците

Помагалата треба да бидат на товар на државата, а не на товар на корисниците, како и помагалото бел стап, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по одбележувањето на 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје.
– За жал ние се уште не ги препознаваме најумните и во нивниот езгодус се вклучени и луѓе на кои им е потребен белиот стап. Се надевам дека ова ќе биде предупредување за државата и најдобро е, со оглед на присуството на пратениците овде, веднаш да почнат со иницијатива за предлог-закон. Ние сме обврзани бидејќи сме потпишале Конвенција, но очигледно не ја реализираме. Помагалата треба да бидат на товар на државата, а не на товар на корисниците, на белите стапови, рече претседателката Сиљановска-Давкова.
Сите ние, како што рече, имаме проблеми, но дури и кога имаме проблеми или некоја посебна потреба со помош на природата тоа лесно можеме да го надоместиме.
– Природата е секогаш совршен креатор, некогаш нешто ќе ви земе, ама нешто и ќе ви даде и така ќе ве направи способен за живот. Страшното е што одговорните институции ова не го согледуваат. Со ваша новинарска помош мислам дека ова мора да стане прашање што бара итен одговор, на национално, ама и на локално ниво. Се надевам дека денешниот настан ќе ги забрза одлуките, изјави Сиљановска-Давкова.
октомври 15, 2025