Connect with us

Свет

Трамп постхумно го одликува Чарли Кирк со Претседателски медал на слободата

Американскиот претседател Доналд Трамп постхумно го одликуваше десничарскиот активист Чарли Кирк со највисокото цивилно признание во САД – Претседателскиот медал на слободата.

Кирк, кој требаше да наполни 32 години на денот на церемонијата, беше застрелан на универзитетски кампус во Јута на 10 септември. Неговата сопруга Ерика Кирк ја прими наградата во негово име, во градината на Белата куќа.

Трамп го нарече Кирк „вистински американски херој“, истакнувајќи дека неговата организација „Turning Point USA“ прераснала во најголемата конзервативна младинска група во земјата. – Неговото име засекогаш ќе биде впишано меѓу вистинските херои на Америка, рече Трамп, нарекувајќи го „маченик за вистината и слободата“.

Ерика Кирк одржа емотивен говор. – Седум и пол години барав совршен подарок за роденденот на Чарли, но сега со сигурност можам да кажам, господине претседателе, дека му го подаривте најдобриот подарок што можеше да го добие, рече вдовицата.

Кирк, кој на 18 години ја основа „Turning Point USA“ во 2012 година, беше познат по промовирањето на конзервативни вредности и поддршката за Трамп. Неговите критичари го обвинуваа за ширење расистички, хомофобични и сексистички ставови.

Дваесетгодишниот Тајлер Робинсон е обвинет за неговото убиство и се соочува со смртна казна ако биде осуден.