Свет
Венецуела ги затвора амбасадите во Австралија и Норвешка

Владата на Венецуела денеска објави дека ќе ги затвори своите амбасади во Норвешка и Австралија и ќе отвори нови во Буркина Фасо и Зимбабве, како дел од реструктуирањето на својата дипломатска служба, по неколку недели ескалација на тензиите со САД.
Затворањето на амбасадите е дел од „стратешко прераспределување на ресурсите“, се вели во соопштението на владата на претседателот Николас Мадуро, додавајќи дека конзуларните услуги за Венецуелците во Норвешка и Австралија ќе продолжат да ги обезбедуваат дипломатските мисии, а деталите ќе бидат објавени во наредните денови.
Каракас соопшти дека новите амбасади ќе служат за започнување заеднички проекти во областите на земјоделството, енергетиката, образованието, рударството и други заеднички интереси.
Затворањето на амбасадите во двата сојузници на САД дојде по неколку недели зголемени тензии меѓу Каракас и Вашингтон.
октомври 14, 2025