Connect with us

Свет

Стотина повредени во страшен судир на два воза во Словачка

Најмалку 100 лица се повредени во судирот на два воза што се случи денеска во близина на селото Јаблонов, во Турња, Словачка, објавија локалните медиуми.

Несреќата се случила околу 10 часот, на местото каде што се вкрстуваат две железнички пруги. Поради силата на ударот, вагоните излетале од шините, а едниот од нив останал да виси над длабок ров.

Портпаролот на словачката железничка компанија, Јан Бачек, изјави дека причината за судирот сè уште се истражува.

-Приоритет во моментов е спасувањето и евакуацијата на патниците и нашите вработени, рече Бачек.

На местото на настанот се испратени пет амбулантни возила и еден спасувачки хеликоптер. Полицијата изјави дека судирот се случил пред тунелот и дека патниците постепено ги напуштаат возовите.

Како што е најавено, полицијата го обезбедува местото на несреќата, ја координира работата на спасувачките служби и го насочува движењето на луѓето во областа.