Политика
ВМРО-ДПМНЕ: 9 за Стаменкоска Трајкоска за Кисела Вода, за паркови и мини шуми, Младински центар, 500 нови паркинг места

Кисела Вода ја чекаат нови 4 години на напредок, развој и успех.
Програмата за Кисела Вода за претстојните локални избори на кандидатот за градоначалник Бети Стаменкоска Трајкоска нуди проекти, мерки, визија, план и стратегија за сите проблеми и барања на граѓаните.
Следните 4 години во Кисела Вода ветуваме редовно одржување на јавната хигиена, намалување на дивите депонии и создавање чисти, уредни и безбедни јавни простори, зелени паркови и училишни мини шуми, со цел подобрување на квалитетот на воздухот и зголемување на зелените површини, општина Кисела Вода започнува долгогодишен проект за пошумување преку садење 1000 садници годишно, односно 4000 дрвја во период од четири години.
Формирање на модерен Младински центар – простор наменет за развој, дружење и активизам на младите. Потоа, ќе се обезбедат над 500 нови паркинг-места во Кисела Вода преку катни и монтажни гаражи, како и преку уредени површини. На тој начин ќе се намали сообраќајниот метеж, ќе се зголеми безбедноста на улиците и граѓаните ќе добијат поуредена и пофункционална урбана средина, како и реконструкција на голем број улици, а ќе се изгради и пешачко велосипедска патека и многу други проекти.
Развојот на општините мора да продолжи. Граѓаните очекуваат проекти и поквалитетен живот, наместо деструкции и манипулации.
Затоа ги повикуваме граѓаните да излезат на 19 октомври и да го направат вистинскиот избор, а тоа е Бети Стаменкоска Трајкоска и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Кисела Вода ќе биде и понатаму општина со најголем број на исполнети и реализирани ветувања.
Гласајте за бројот 9. Направете го вистинскиот избор, за твојот човек, твоето место и твојата иднина.
Бети Стаменкоска Трајкоска за Кисела Вода.
октомври 14, 2025