Свет
Пезешкијан предлага изградба на нов главен град на Иран

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан денеска повторно, третпат, побара да се изгради нов главен град бидејќи актуелниот Техеран е „неодржлив“ поради загадувањето, густиот сообраќај и недостигот на вода.
– Денес, нема простор за избор. Принудени сме да го сториме тоа. Животот во Техеран ќе стане неодржлив, истакна Пезешкијан, кој за изградба на нов главен град разговарал и со иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Иранскиот претседател наведе дека Техеран се соочува со постепеното пропаѓање на земјиштето, поради прекумерна експлоатација на водоносни слоеви, кое во некои области достигнува 30 сантиметри, како и недостигот на водни ресурси во градот што троши една четвртина од водата во земјата.
Пезешкијан предлага новиот град да биде изграден во Персискиот Залив, кој ќе „овозможи директен пристап до отворени води и развој на трговските и економските односи“.
Планот на Пезешкијан наиде на критики, истакнувајќи оти изградба на нов град би чинело околу 80 милијарди долари, а Иран e во економска криза поради санкциите неговата нуклеарна програма.
Геофизичарот и раководител на Одделот за сеизмологија и сеизмички ризик во Истражувачкиот центар на Министерството за патишта и урбан развој, Али Бејтолахи, изјави дека дислокацијата на главниот град нема да ги реши проблемите на Техеран со земјиштето или недостигот на вода, бидејќи само 10 проценти од населението главниот град ќе се пресели во новиот град, а нови жители од други градови ќе го заземат нивното место.
Конзервативниот аналитичар Али Калехи посочи дека изградба на нов главен град би траела предолго и би било мноку скапо.
Главен град во Персиски Залив не би имал никаква безбедност, апсолутно никаква, истакна Калехи.
Техеран е политички, административен и економски центар на Иран откако е прогласен за главен град во 1786 година. Според последниот попис, спроведен во 2015 година, во Техеран живееле 12 милиони луѓе, а се проценува дека сега има 18 милиони луѓе.
октомври 11, 2025