Политика
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче да одговорат, дали Заев на поранешен премиер на Бугарија му понудил продажба на македонска телевизија и прислушкувани материјали?

СДС лидерот го менува, но навиките не.
Прислушкуваните материјали и купопродажбата на имоти, како и на државните интереси, продолжуваат да му бидат навика и на Венко Филипче, како на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев.
Затоа го прашуваме Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, како и една шема за купување на две големи фирми, од кои едната била телевизија?
Венко Филипче да не молчи, туку да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали, кое неговиот, ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ги злоупотребува механизмите на членка во ЕУ за да ја блокира државата.
Освен за стикот, СДС и Филипче, исто така, треба да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од страна на фирми од Бугарија блиски до тој поранешен премиер и дали една од тие фирми е една голема телевизија, преку која требало да се врши бугарска пропаганда во државата?
Оттука произлегува уште едно прашање, на кое СДС и Филипче должат одговор, дали ова е подарокот кој Заев го дал во замена за логистичка и финансиска поддршка од Бугарија би им ја давала на партија и сега и во иднина и дали зад кампањата на СДС стои тој поранешен бугарски премиер со кој Заев е во контакт?
Од се ова можеме да видиме дека Венко Филипче не е ништи друго, освен алатка за реализација на планот на Заев и неговата таканаречена резолуција е само продолжеток на тој план за потчинување на државата во однос на Бугарија.
Овој нивен план е откриен, Филипче и неговиот ментор и гуру се фатени на дело.
Нивните планови нема да успеат, затоа што на претстојните избори народот жестоко ќе ги казни и со заокружување на број 9 ќе го направат вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.
октомври 8, 2025