Политика
ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, во чие време инфлацијата рушеше двоцифрени рекорди, им смета што сега се стави под контрола

Чуден некој феномен ги зафатил СДС. И при јасни и релевантни резултати и податоци да не сакаат да прогледаат.
Сега им најдоа замерка и не им се допаѓа методологија за трошоците на живот кои ги пресметува Државниот завод за статистика, само затоа што резултатите не се онакви какви што тие посакуваат.
Ги разбираме дека се во изборна кампања, но не мора на се црно да гледаат, дури и кога резултатите се позитивни.
СДС може да ги гледаат, може не, може да ги признаваат или не, но фактите следни и се јасни.
По долги години власт на СДС со двоцифрена инфлација, конечно таа е ставена под контрола и веќе почна да се намалува. Ова втор месец по ред како реалната инфлација во државава се намалува.
Според податоците на ДЗС, инфлацијата во септември 2025 во однос на август 2025 година бележи намалување од 0,2% и тоа е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи, како транспорт за 3,3 отсто, ресторани и хотели за 1,3 отсто, рекреација и култура за 0,7 отсто, облека и обувки за 0,3 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,2 отсто и храна и безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто.
Покрај намалувањето на инфлација, во државата четврт квартал последователно БДП бележи раст од 3 или над 3%, а минатата година заврши со историски највисоко ниво на странски инвестиции во висина од над милијарда и 250 милиони евра.
Да, и ние се согласуваме дека и ова е малку, но исто така повторуваме дека ова е почеток на враќање на состојбите во нормала и на заздравување на економијата.
Добро е што сега, за разлика од времето на власт на СДС кога инфлацијата рушеше двоцифрени рекорди, сега зборуваме за забавување на инфлацијата, кои се резултат на добро проектираните економските мерки и политиките на Владата.
Преку економски модел на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, државата се движи кон целосна трансформација и подобрување на животниот стандард за граѓаните.
Приоритет и цел на Влада е да се обезбеди иднина, просперитет и поквалитетен живот за сите граѓани, а податоците потврдуваат дека со многу труд, посветеност и напорна работа, полека но сигурно се остваруваат.
октомври 8, 2025